Архитектурата како начин на читање на градот.

ГРАДОТ УБАВ е здружение за урбани истражувања од Скопје. Го читаме градот и го преосмислуваме урбаното.

Архитектурата ја гледаме не само како физички производ, туку како културна, интелектуална и интердисциплинарна практика: начин на читање на општеството, преиспитување на сегашноста и замислување можни иднини на градот.

Нашата работа обединува истражувања, изложби, архиви и јавни разговори. Нѐ интересира како архитектурата одговара на општествените промени, како архитектонското знаење се пренесува меѓу генерациите и како поновата историја на архитектурата во Северна Македонија може да се документира, зачува и сподели со домашната и меѓународната публика.

Здружението работи преку соработка: со архитекти, истражувачи, студенти, уметници и институции.