Жива улица
Обликување на скопска улица со асфалтна уметност и нејзино претворање во привлечен урбан простор наменет за пешаците.

Проект од национален интерес во културата во областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2020 година, поддржан од Министерството за култура.
Проектот „Жива улица“ е иницијатива од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот. Проектот опфати обликување на скопска улица со асфалтна уметност и нејзино претворање во привлечен урбан простор наменет за пешаците.
Интервенцијата имаше за цел да поттикне позитивни вредности како што се социјалната интеракција меѓу граѓаните, поголемата свест за јавниот простор, намалениот моторен сообраќај, повеќе пешачење и намалена бучава и загаденост на воздухот.
Со оглед на глобалната пандемија во тоа време, обликувањето на улицата имаше за цел и да поттикне физичко растојание при пешачење и поминување време на отворено.